Thursday, August 8, 2013

Скопјанишчана само нека ги пратат парите и ич нека не доаѓаат во Охрид...


И ете така вицот, или па и вицовите, шегите, анегдотите и така натаму конечно си ги осетив на своја кожа во „најтуристичкиот“ град во нашата ни Македонија. Си одам јас така во Охрид нели зошто треба да си го почитуваме нашето а не да ги даваме парите на грците. Искрено ја имам прошетано 90% од Европа ама во Грција не сум влегол до сега.

 И така ние весели одиме на одмор во Охрид да си плаќаме 200 денари лежалка 100 и кусур денари кафе на плажа, да си поминеме топ на забавите каде што не е испод 500 денари карта... и ете така на првата забава бидејќи ги потрошив 2000 денари на 2,5 тури за моето мало друштво од 4рица додека не гледав на цените дојде ред да останам со 180 денари во џебот и да тргнам до шанк по 2 обични води. И нели з’ш водата не се пие мораш да си купиш па нарачав 2 негазирани води од по ½ литар и ги давам моите последни 180 денари на шанк. И наеднаш „изненадувањеее“: 180 денари не се доволно за 2 обични води? Да не сум случајно во Венеција на плоштад? Или во Амстердам во клуб? Ама чекај... ни таму не беше волку скапо. Ама ај си поминавме и со една вода по пола.

 И така поминаа неколку дена и собравме храброст и пари да излеземе во диско. Во диското супер забава, расположени луѓе и дојде ред после пиењето на алкохол по европски цени да се напиеме вода. Нарачувам вода на шанк и оп 70 денари. Ааа викам браво овде поевтино. Кога ете ја водата... шишенце од 0,25 литри. Топ цена брату. И уште на сето тоа: „Немам кусур да ти вратам 30 денари“. Епа таман викам еве ти 150 денари дај уште една вода па да го достигнеме рекордот: 2,50 евра пола литро вода. За некои работи дури ни европска унија не ни е рамна.
 И за да биде парадоксот најголем и за финално разубавување на вечерта малку после излезот на дискотеката оп чичковци во зелено со палка „СТОП“. Ајде пријателе да видиме дали си имал пари за да пиеш вода или си пиел акохол што е поевтин од водата. И јас како секој нормален што на одмор на туристичко место во дискотека што нема да пие само вода го прекршив законот за дозволена количина на алкохол. Аааа господине со скопски регистарски таблици вие го прекршивте законот и со задоволство ќе ви напишеме казна од 300 евра. Абе да ти е милина да го гледаш „господинот“ полицаец (што не го именувам во моментов за да не си направам поголем проблем зошто знаеме како одат работите кај нас) со каква милна фаца ја пишуваше казната од 300 евра на скопјанче што дошло во својата татковина на одмор со 15 години стара кола ама го разбирам јас.... скопски таблици си се скопски таблици тоа им е во психологијата.

Ајде помина и тоа. Да сме здрави и живи. Дојде и следниот ден. И бидејќи веќе не се возиме со кола за да не го прекршиме повторно законот и да не не фати одморот како ол инклузив во Турција одиме со такси. Ете се случува на еден од другарите да му испадне телефонот во таксито (не дека не сме и ние баксузи). Ѕвониме на телефонот и ете го таксистот: „да да телефонот ви е во такси ама бидејќи сум веќе далеку (5 минути откако не остави) треба да ми платите 300 денари за да ви го вратам“. Лудило! Нова такси услуга единствена во светот. 5 евра за враќање на мобилниот.

 Ете тука ни се скрши и ќејфот и расположението за нашиот ни одмор во „најтуристичкиот“ град во нашата ни Македонија. Епа знаете ли што драги мои охриѓани? До година најверојатно за прв пат во моите 26 години ќе одам во Грција на одмор. Каде што цените на песочна плажа се поевтини од кај вас и каде што полицајците не сопираат и казнуваат туристи (ова е информација од повеќе мои блиски пријатели што беа во Грција на одмор летово). Знаете некогаш е подобро туѓиот да ти се посере него својот. Помалце боли. Можеби не сум во право ни со овој избор ама ќе пробам з’ш да не. Ако не и таму па ќе си одам во Пробиштип каде што полицајците служат на туристите да им помогнат и да ги упатат ако не можат да се снајдат (зборувам од лично искуство на повеќе наврати), а не да пишуваат казни од 40% од вредноста на возилото на туристот. Не викам дека сум прав што го прекршив законот, ама не дадов 300 денари за вода за џабе во последните 2 саати за да бидам во одлична состојба за возење како не би ги ставил на ризик животите на патниците со мене во кола, на другите учесници во сообраќајот а и мојот живот, а сообраќаецот ако беше вистински професионалец во своето туристичко место можеше лесно да го увиди тоа.


Тоа е во „кратки црти“ се што имав да кажам за моето последно одење во Охрид во животот. Со здравје да си ги трошите последните пари што ви ги оставив браќа Македноци од „најтуристичкиот“ град во нашата ни Македонија.

No comments:

Post a Comment